Бруно Фернандеш го советува Манчестер јунајтед да донесе засилување од Вест Хем

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Бруно Фернандеш го советувал Манчестер јунајтед да го ангажира неговиот сонародник Матеуш Фернандеш од Вест Хем како засилување за средниот ред.

Подолго време се говори дека „ѓаволите“ летоска ќе прават реконструкција на средниот ред и се најавува дека ќе пристигнат две нови имиња.

Низ медиумите кружат различни информации за тоа кои се е на листата со желби на Манчестер Јунајтед, а најчесто се споменуваат играчи како Сандро Тонали и Бруно Гимараеш од Њукасл, или Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Последните информации велат дека Бруно Фернандеш на ум има друго име и капитенот на челниците им го препорачал неговиот сонародник Матеуш Фернандеш од Вест Хем.

21 годишниот Матеуш Фенандеш, исто како и Бруно Фернандеш, е продукт на школата на Спортинг Лисабон, ова му е веќе втора сезона во Премиерлигата и бележи солиден прогрес.

Вест Хем за неговите услуги минатото лето плати преку 40 милиони фунти, па сигурно ќе сака добро да заработи и ќе бара преку 65 милиони фунти. Сепак во случај на испаѓање во втора лига, цената ќе биде драстично помала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×