Вест Хем се врати од работ на бездната, но по пенали загуби од Лидс во ФА Купот

by 24 фудбал
1 минути читање

Лидс Јунајтед избори пласман во полуфиналето на ФА Купот, откако беше поуспешен од Вест Хем по изведување пенали со 2-4, по 2-2 по 120 минути игра.

Гостите беа блиску до победа и во регуларниот дел, откако поведоа преку Танака, а подоцна Доминик Калверт-Луин од пенал зголеми на 0-2.

Кога се чинеше дека мечот е решен, Вест Хем се врати во судиското продолжение со головите на Фернандес и Аксел Дисаси за 2-2 и избори продолженија. Во дополнителните 30 минути немаше голови (освен поништениот на Кастељанос), па одлуката падна на пенал рулетот.

Таму Лидс Јунајтед беше максимално сигурен, додека кај домашните клучниот промашен удар значеше крај на нивниот настап во натпреварувањето. Така, тимот од Јоркшир продолжува во полуфиналето, додека Вест Хем испадна по драматична завршница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×