Романската легенда има сериозен здравствен проблем, се наоѓа во индуцирана кома

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот романски стратег Мирчеа Луческу се наоѓа во тешка здравствена состојба откако доживеал втор срцев удар во рок од два дена, по што лекарите го ставиле во индуцирана кома.

80-годишниот тренер бил хоспитализиран по поразот на репрезентацијата на Романија од Турција во баражот за Светско првенство, кога му се слошило поради силен емоционален стрес.

Иако првично состојбата била стабилизирана, при подготовка за отпуштање од болница дошло до нов компликации и срцев удар. Само два дена подоцна следувал уште еден инфаркт, по што лекарите одлучиле да го стават во индуцирана кома.

Од болницата соопштија дека состојбата на пациентот е сериозна и значително влошена по вториот миокарден инфаркт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×