Неверојатна сцена во МЛС: Си „шутна“ кон својот гол од пола терен, а голманот си даде автогол (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Торонто и Колорадо во МЛС донесе вистинска драма, но и момент кој брзо стана хит поради несекојдневниот автогол на Зак Стефен.

Иако автоголот му беше препишан на голманот на Колорадо кој сакајќи да ја прими топката си ја внесе во мрежата, тој не беше единствен виновник. Ударот кон својот гол го упати Киген Росенбери сакајќи да расчисти, а контактот беше на половина терен.

Овој натпревар Торонто го заврши со еден, а Колорадо со два црвени картони. Домаќинот во Канада ја искористи бројчаната предност и победи (3-2).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×