ВМФЛ: Брегалница го доби дербито со Скопје, Шкендија и Охрид сигурни

by Стефан
1 минути читање

Брегалница запиша минимална, но значајна победа од 1-0 на гостувањето кај Скопје, додека Шкендија Арачиново со сигурни 2-0 го совлада Тетекс во рамки на 24. коло во Втората лига.

Штипјани до трите бода стигнаа по цврст и неизвесен натпревар, а клучниот момент се случи непосредно пред паузата. Во 40. минута, Талески одлично се снајде во шеснаесетникот на домаќините и ја затресе мрежата за водство кое подоцна се покажа како доволно за победа.

На другата средба, Шкендија Арачиново ја оправда фаворитската улога против Тетекс. Домашниот состав рано го отвори резултатот преку Џихан Адили, а дополнителен проблем за гостите донесе и автоголот, со кој беше поставен конечниот резултат од 2-0.

Претходно денеска триумф забележа и Охрид над Новаци со 3-0.

Беласица – Осогово 0-0
Детонит Плачковица – Кожуф 3-2
Преспа – Каменица Саса 1-4
Слога Виница – Победа 4-2

Можно е и ова да ти се допаѓа

×