Српски коментатор за успехот на Босна: Ги исфрлија Србите и сега гинат за репрезентацијата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Српските спортски коментатори Небојша Вишковиќ и Гојко Андријашевиќ во својот подкаст „Wish and Goal“ го коментираа пласманот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина на Светското првенство, изнесувајќи забелешки кои привлекоа внимание во регионот.

Познатиот коментатор Небојша Вишковиќ призна дека завидува на успехот на босанската репрезентација, потенцирајќи ја посветеноста на играчите.

„Признавам, љубоморен сум. Ги гледам соседите Босанци како одат на Светското првенство затоа што таму сите се борат за репрезентацијата“, рече Вишковиќ.

Тој додаде дека нивната борбеност е уште поголема со оглед на сложената политичка ситуација во земјата.

„Сите се борат, брате, ги имаат своите фанатици, а државата им е во тотален хаос. Со тие кантони и федерации, таму е катастрофа. И покрај тоа, создале репрезентација за која сите се борат“, додаде Вишковиќ.

Неговиот придружник Гојко Андријашевиќ го даде своето гледиште за составот на тимот, тврдејќи дека за него се борат само оние кои се чувствуваат како дел од државата.

„Што се однесува до квалитетот, се борат оние кои се чувствуваат припадници на Босна и Херцеговина. Многу Срби не играат за репрезентацијата“, рече Андријашевиќ.

Вишковиќ додаде дека не само што не играат, туку нема ниту еден Србин во тимот. Андријашевиќ објасни дека српските играчи едноставно не сакаат да настапуваат за БиХ.

„Да, но не сакаат да играат“, рече тој. Како пример го навеле играчот Радо Круниќ. „Играше и Радо Круниќ, но повеќе не игра затоа што пееше химна“, се согласија двајцата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×