Баерн Минхен планира да го продолжи договорот на својот прв голман Мануел Нојер за уште една сезона. Иако има 40 години, Нојер и натаму пружа извонредни настапи на голот на баварците, па сега останува прашањето дали ќе одлучи да продолжи со играње или ќе замине во пензија како еден од најуспешните голмани во историјата на клубот.
Директорот на Баерн, Макс Еберл, најави дека клубот сака Нојер да остане дел од тимот и следната сезона. Сепак, поради бројните повреди оваа сезона, конечната одлука ќе ја донесе самиот голман.
„Можам да го замислам Нојер на голот на Баерн и следната сезона. Ако Ману сака да продолжи и се чувствува подготвен, тогаш договорот ќе биде продолжен“, изјави Еберл.
Нојер пред две години се повлече од настапи за германската репрезентација по Европското првенство 2024. Иако имаше шпекулации за враќање за Мундијалот оваа година, тоа нема да се случи. Сега останува тој да одлучи дали ќе продолжи да брани на клупско ниво или ќе одлучи дека е време за крај.