Поранешен водач на навивачите на Милан заврши во затвор – шверуцал дрога!

by Стефан
1 минути читање

Лука Лучи, поранешниот лидер на навивачката група на Милан „Курва Суд“, е осуден на 18 години и осум месеци затвор за шверц на дрога.

Според обвинението, Лучи организирал транспорт на повеќе од три тони хашиш и марихуана. Пресудата ја донесе судијката Џулија Масчи од судот во Милано, а обвинетиот доби највисока казна меѓу вкупно 23 лица вмешани во случајот.

Лучи се товари дека раководел со криминална организација која во периодот од јуни 2020 до март 2021 година шверцувала големи количини дрога.

Пресудата е дел од пошироката истрага со кодно име „Допија Курва“ (Двојна трибина), која од септември 2024 година открива врвови на организираните навивачки структури на Интер и Милан.

Истрагата покажа дека мрежата била вклучена во изнуди, насилство и трговија со дрога, со дополнителна отежнувачка околност – поврзаност со мафијашката организација „Ндрангета“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×