Белгија е во сериозни проблеми, морала да укине и една репрезентација!

by Стефан
1 минути читање

Белгискиот новинар Саша Таволиери објави дека Фудбалската федерација на Белгија се соочува со сериозни финансиски потешкотии и наталожени долгови.

Според информации од извори блиски до федерацијата, како што наведува Таволиери, вкупниот долг достигнува околу осум милиони евра.

Дополнително, ситуацијата влијае и врз репрезентативците бидејќи на дел од нив не им биле исплатени договорените плати и бонуси. Во меѓувреме, укината е и селекцијата до 16 години, која претходно важеше за една од најквалитетните на меѓународно ниво. Се споменува и можноста приходите на играчите од федерацијата да зависат од нивниот статус во националниот тим.

Според Таволиери, надежите сега се насочени кон настапот на претстојното Светско првенство. Евентуален пласман најмалку до четвртфиналето би можел да помогне во ублажување на финансиските проблеми, додека послаб резултат би значел дополнително продлабочување на кризата.

Инаку, белгиската репрезентација моментално е деветта на ФИФА ранг-листата, а билетот за Мундијалот го обезбеди директно, освојувајќи го првото место во групата во која настапуваа и Македонија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×