Фудбалската селекција на Босна и Херцеговина во вторникот испиша историски успех, обезбедувајќи место на Светското првенство, откако тимот предводен од Сергеј Барбарез ја елиминираше Италија по подобро изведување пенали со конечни 4-1.
Еуфоријата по големиот триумф се почувствува низ целата земја, а прославата не изостана ниту на небото. Имено, на социјалните мрежи се прошири видео од авион во кој поголемиот дел од патниците биле Босанци, а радосната вест била споделена токму за време на летот.
Пилотот ги информирал патниците за историскиот пласман, по што во авионот следувала спонтана прослава и воодушевување.
„Еден од најубавите моменти во животот. Некаде над Германија, на лет кон Тузла, во авионот ја добивме информацијата дека нашата репрезентација се пласирала на Светското првенство“, стои во описот на видеото.