Предводникот на „сините“, Лиам Росениор го опомена Марк Кукуреља за своите изјави во медиумите, но левиот бек куртули од казна и нема да биде суспендиран како Енцо Фернандез.
Емоциите дефинитивно се на високо ниво во Челси во последните неколку дена, ситуацијата кулминираше со суспензијата на Енцо Фернандез, кој ќе „одмори“ на два натпревари поради коментарите и најавите дека сака трансфер во Реал Мадрид.
Опомена доби и Марк Кукуреља, но левиот бек куртули од казна и нема да биде суспендиран.
Шпанецот се најде на тапет поради критиките кон раководството за лошите трансфер потези и промената на тренерот.
„Ова е специфична ситуација, но Марк ќе биде во составот утре. Сите знаат каков човек е тој, се работи за прилично емотивна личност кој сака да успее. Интервјуто беше долго, кажа што мисли“ – вели Лиам Росениор.
„Вчера се видовме, го потсетив дека секогаш може да биде искрен со мене, но потребно е време за да се изгради ваков однос“.
„Марк е целосно посветен на Челси, сака да биде тука, ова јасно ми го покажа и верува во нашиот проект“.
„Не ми пречи тоа што го кажа во интервјуто, ако може една работа да промени… да ни кажеше претходно како се чувствува, сакам играчите да знаат дека секогаш можат отворено да разговараат со мене кога се во прашање интересите на клубот“.
„На сите ни е јасно дека мораме да се подобриме, знаеме што ќе направиме летоска за да ги оствариме целите“.