Италија со едно последно барање до Џенаро Гатузо

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Газета дело Спорт, првите луѓе на Фудбалската федерација на Италија доставила едно последно барање до Џенаро Гатузо, да остане на клупата на уште два натпревари.

Поразот од Босна во баражот за СП 2026 ќе донесе големи промени во Италија, вчера оставка си поднесе првиот човек на ФФИ, Габриеле Гравина како и првиот човек на делегацијата на „аѕурите“, Џиџи Буфон.

Се најавуваше дека ќе се повлече и селекторот Џенаро Гатузо, кој сакал да даде отказ веќе вечерта во соблекувалната во Зеница.

Но како што пренесува Газета дело Спорт, Фудбалската федерација на Италија доставила едно последно барање до стратегот.

Тие сакаа Џенаро Гатузо да остане до крајот на својот договор до јуни и да ја предводи репрезентацијата на двата пријателски натпревари тој месец.

Џенаро Гатузо се уште не се изјаснил, и се најавува дека одговорот ќе биде даден следната недела.

Доколку тој сега се повлече од кормилото, ќе остане без 120.000-150.000 евра, но парите никогаш не му биле главниот мотив, на Милан му прости неколку милиони евра кога се разделија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×