Освојувачот на Златната топка, Родри до крајот на сезоната треба да донесе одлука каде ќе игра следната сезона.
Последните информации велат дека Манчестер Сити му понудил на Родри нов договор со ултиматум да го прифати или одбие до крајот на сезоната.
Реал Мадрид е заинтересиран за Родри, па фудбалерот треба да одбере каде ќе ја продолжи кариерата.
Актуелниот негов договор со Сити е до јуни 2027 година. Што значи дека доколку остане во англискиот тим, а не го потпише договорот, ќе може да си оди бесплатно по крајот на идната сезона.
И покрај тоа, Манчестер Сити не планира да го пушти Родри за мала отштета, ќе бараат многу пари за негово заминување без разлика што ќе ризикуваат сезона потоа тој да замине беспари.
Топката сега е кај Родри, тој треба да одлучи кое ќе биде неговото следно поглавје во кариерата.