„Панини“ го објави албумот со сликички, а главни во промоцијата се – Италијанци! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Два и пол месеци пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, „Панини“ ги објави деталите за новиот албум со сликички, меѓутоа еден момент привлече посебно внимание.

Имено, главни во промоцијата на албумот се Роберто Баџо и Пјерлуиџи Колина.

Компанијата ги снимала рекламите уште пред бараж натпреварите, можеби и убедена дека Италија ќе избори пласман. Но, таквата самодоверба им се врати како бумеранг бидејќи Италијанците ќе пропуштат и трет Мундијал во низа.

Новиот албум ќе има дури 112 страници и простор за 980 сликички. За споредба, албумот за претходното Светско првенство содржеше 670 сликички, причина е проширувањето бидејќи сега за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×