Џенаро Гатузо најави дека ќе се исели од Италија доколку не обезбеди пласман на мундијалот во САД, но стратегот се уште се нема огласено за својата иднина по дебаклот на гостувањето кај Босна и Херцеговина.
Џенаро Гатузо имаше огромен предизвик пред себе кога седна на клупата на Италија, „аѕурите“ веќе беа во незавидна позиција, а висеше и притисокот од неуспехот во претходните два квалификациски циклуси.
Самиот беше свесен каков земјотрес ќе донесе ново разочарување, па во една прилика рече дека ќе се исели од Италија доколку не обезбеди пласман на мундијалот во САД.
И покрај тоа што беше забележан одреден прогрес под негово водство, Италија се сопна на последната пречка, загуби на пенали од БиХ во баражот, па летоска најголемиот фудбалски настан, „аѕурите“ ќе го гледаат од дома.
Џенаро Гатузо во прв момент одби да говори за иднината, и се уште се нема огласено за своите планови.
Како што пренесуваат медиумите, само чудо може да го задржи стратегот на клупата на Италија.
Тој сакал да си поднесе оставка уште во Зеница по поразот од БиХ, пари не го интересираат, па нема потреба да се преговара за компензација.
Сепак, му било сугерирано да не избрзува, се очекуваат во следниот период прво да следат неколку други оставки, како таа на претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.
Како што пренесува Кориере дела Сера, Џеноро Гатузо бил прилично потресен од неуспехот во Зеница, во соблекувалната, еден по еден ги прегрнал сите играчи и им се заблагодарил.
На летот кон дома не кажал ниту еден збор, очигледно размислувал како можело се да биде поразлично и каде згрешил со тактиката, измените и изведувачите на пеналите.
Кратко по враќањето во Италија, Џенаро Гатузо отпатувал во Малага, а дали повторно ќе се врати на „чизмата“, останува да видиме.
ФОТО: X/Italy