Српски талент од Нови Пазар привлече внимание од ПЛ, Серија А, Австрија…

by 24 фудбал
0 минути читање

Младиот дефанзивец на Нови Пазар, Ахмед Хаџимујовиќ привлекува сериозно внимание по првите настапи во сениорскиот тим.

Според информациите, интерес за 18-годишниот стопер покажуваат Брентфорд, Ред Бул Салцбург и Удинезе, кои веќе ја следат неговата ситуација.

Клубот од Нови Пазар е подготвен да го продаде, но без брзање, со оглед на потенцијалот што го поседува. Хаџимујовиќ се истакнува со физичката доминација и сигурноста со топка, а неодамна обезбеди и пласман на Европско првенство со младинската селекција на Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×