Италија за наследник на Гатузо има двајца реални кандидати и еден за кој сонува!

by riste
1 минути читање

По дебаклот во Зеница, следуваат нови промени во италијанската репрезентација, од клупата ќе замине Џенаро Гатузо, но веројатно ќе си оди и претседателот на Фудбалската федерација на Италија.

Италијанските медиуми почнаа да шпекулираат имиња за потенцијални наследници на Џенаро Гатузо, „Газета дело Спорт“ тврди дека се разгледуваат три опции.

Како најсеризно кандидати се домашните стратези, Роберто Манчини и Антонио Конте. Наводно двајцата се подготвени пак да седнат на жешкото столче на италијанската репрезентација.

Но, Италија најпрво ќе се обиде да си го оствари сонот, односно да го убеди Пеп Гвардиола да биде нивниот нов селектор.

Се верува дека Гвардиола ќе се раздели со Манчестер Сити по крајот на сезоната и ќе стане слободен тренер, па Италија тука ја гледа шансата.

Но, Гвардиола досега бил тренер само на екипи каде што има супер тим, а италијанската репрезентација нема ѕвезди како што имала некогаш. Тешко е за верување дека Пеп би прифатил проект во кој не може да состави супер-тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×