29
Фудбалерот на Челси, Енцо Фернандез не крие дека сака да замине од Челси, тој јавно почна да флертува со Реал Мадрид.
Во текот на репрезентативната пауза одговараше на праша од кои јасно се гледа неговата намера.
„Отсекогаш ѝ велев на мојата сопруга дека ако одбирам во кој град да живеам во Европа, навистина го сакам Мадрид. Тој е многу сличен на Буенос Аирес, но и поради храната“, вели Фернандез.
„Кој противнички фудбалер најмногу ме импресионирал? Тони Крос. Тоа беше на Реал Мадрид против Челси на Бернабеу, и тој беше премногу импресивен, Лука Модриќ исто така…“.