Италијанците за условите во Босна: „Како во некој друг свет“ (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Италија во баражот за СП привлекува огромно внимание, но пред самиот дуел во Зеница во фокусот се најдоа условите за италијанската репрезентација.

Италијанските медиуми жестоко ги критикуваа условите во БиХ, а новинарот Танкреди Палмери истакна дека амбиентот во Бутмир е „како од друг свет“, алудирајќи на шталите во близина на тренинг-центарот. Тој не беше задоволен ниту од хотелот на „азурите“, кој го опиша како „четири ѕвезди, но една е изгасена“.

Критики пристигнаа и од „Ла Стампа“, која објави дека соблекувалните на „Билино поле“ се далеку под стандардите на кои се навикнати италијанските фудбалери.

Натпреварот се игра вечерва од 20:45 часот во Зеница, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство во група со Катар, Швајцарија и Канада.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×