29
Бараж натпреварот за Мундијалот меѓу Босна и Херцеговина и Италија ќе донесе вистински спектакл на „Билино поле“.
Посебен шмек на натпреварот ќе му даде присуството на големиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ, кој ќе биде на трибините во Зеница.
Потврдата пристигна од Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, што дополнително ја зголеми еуфоријата пред мечот. Српскиот тениски ас веќе покажа на чија страна е, откако по триумфот над Велс објави фотографија од Един Џеко со кратка, но јасна порака на поддршка.
Атмосферата во Зеница ќе биде пеколна за Италијанците бидејќи трибините на стадионот ќе бидат исполнети до последното место.