Италијанците имале шпиун на тренингот на БиХ, војник ги снимал Босанците!

by riste
0 минути читање

Вчерашниот тренинг на фудбалерите на Босна и Херцеговина бил сниман од италијански шпиун, војник ЕУФОР, објавува Klix.ba.

Босна и Херцеговина и Италија утре играат бараж за пласман на Светското првенство, а Босанците на вчерашниот тренинг имале непосакуван гостин.

Тренингот бил отворен за јавноста во првите 15 минути, но по ова време војникот останал, го извадил телефонот и снимал. Базата на ЕУФОР се наоѓала блиску до тренинг кампот.

Поради овој инцидент, Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина упатила жалба до мисијата ЕУФОР.

Мечот меѓу БиХ и Италија се игра утре (вторник) со почеток од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×