Џермејн Дефо стана тренер, ќе води клуб во Англија

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот англиски напаѓач Џермејн Дефо, кој ја заврши играчката кариера во 2022 година, за првпат ќе се испроба во улога на главен тренер.

По повлекувањето од терените, Дефо се насочи кон тренерската работа, каде што стекнуваше искуство во младинските категории на Тотнем и Ренџерс. Сега, тој добива шанса да води сениорски тим, преземајќи го петтолигашот Вокинг, кој се натпреварува во Националната лига.

Во моментов, Вокинг се наоѓа на 11. позиција на табелата, со девет бода заостанување зад местата што водат во плеј-офот, што ја прави задачата за пласман меѓу најдобрите исклучително тешка оваа сезона. Сепак, ангажманот на Дефо е дел од подолгорочен план за создавање поконкурентен тим во иднина.

Во текот на својата богата кариера, Дефо настапуваше за клубови како Вест Хем, Тотнем, Портсмут, Ренџерс и Сандерленд, каде што ги направи и првите, но и последните фудбалски чекори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×