Медиумите од „островото“ пренесуваат детали од преговорите помеѓу Тотнем и Роберто Де Зерби, на стратегот му е понудена петгодишна соработка, како и огромна плата со која ќе стане третиот најплатен тренер во Премиерлигата.
Тотнем го одбра Роберто Де Зерби како наследник на Игор Тудор, разговорите бележат добар прогрес и се очекува во скоро време да пристигне официјална потврда.
Италијанецот во прв момент не бил привлечен од идејата сега да седне на жешкото столче на клубот од Северен Лондон, но „спарси“ го предомислиле со предлогот кој го ставиле на маса.
Токспорт објави дека Тотнем ќе го направи Роберто Де Зерби третиот најплатен тренер во Премиерлигата зад Пеп Гвардиола и Микел Артата, конкретни бројки не се откриваат, но само за потсетување, тренерот на Арсенал има годишни примања од околу 15 милиони фунти.
Што се однесува до должината на договорот, соработката е на дури пет години и покрај тоа што во последно време Тотнем ги менува тренерите како чорапи.