322
Тотнем ја прекина соработката со Игор Тудор, неколку извори пренесоа дека Хрватот покажал класа и се откажал од парите кои му следувале.
Игор Тудор издржа само 44 дена на кормилото на Тотнем, Хрватот имаше очаен скор од една победа и дури пет порази на седум натпревари, па стравот од испаѓање во втора лига си го направи своето.
Клубот од Северен Лондон попладнево соопшти дека на взаемна согласност е прекината соработката со Игор Тудор, како и неговите соработници Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи.
Неколку извори пренесуваат дека Игор Тудор покажал класа, па иако му следела компензација, тој решил да се откаже од парите и нема да добие ништо за отказот.