Ули Хенес: Ако Александер Исак вреди 150 милиони, тогаш Хари Кејн вреди барем 250 милиони!

by bojan
1 минути читање

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес е импресиониран од Хари Кејн и смета дека Англичанецот вреди 250 милиони евра доколку се земе во предвид дека Ливерпул платил 150 милиони евра за Александер Исак.

„Баварците“ решија да инвестираат околу 100 милиони евра за ангажман на Хари Кејн летото во 2023 година, и сега сметаат дека не погрешиле, дури и го купиле евтино.

Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес минатата недела призна дека и тој самиот бил на мислење дека е лудост да се платат 100 милиони евра, но откако видел што напаѓачот им донел, без размислување ќе плател и 150 милиони евра.

Тој сега се надоврзаа на оваа изјава, и во разговор со Кикер рече: „Ако правиме некаква анализа и гледаме кој колку вреди за тие пари… 150 милиони евра… Еве, Александер Исак во Ливерпул беше платен 150 милиони. Па ако тој вреди толку, тогаш Кејн реално вреди барем 250 милиони евра“.

Легендата на Баерн исто така откри дека Хари Кејн не ја искористил опцијата да ја активира откупната клаузула со која можеше летоска да го напушти Минхен за 60-70 милиони евра.

„Не ја активираше клаузулата па тоа значи дека останува со нас најмалку до летото во 2027. Од она што го слушам, тој и неговото семејство се навистина комфорни тука. Сепак, никогаш не знаете кога некој клуб од Саудиска Арабија ќе тропне на врата со многу пари… Но во моментов тој во Минхен се чувствува како дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×