77
Интер Мајами сака да донесе идеална замена за Серхио Бускетс кој се пензионираше, тимот на Дејвид Бекам почнал преговори со Касемиро.
Првата понуда веќе е пратена, преговорите се започнати, но неизвесно е како ќе завршат.
Интер Мајами му нуди амбициозен проект плус идеални услови за личен живот како и сериозна плата.
Но, Касемиро има повеќе понуди и од европски клубови, но и од саудиски.
Бразилецот оваа сезона игра во голема форма во Манчестер Јунајтед, но ќе замине во јуни кога неговиот договор истекува.