Погба конечно го постигна првиот гол за Монако (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пол Погба коенчно дочека да го постигне првиот гол во дресот на Монако и тоа на контролен натпревар против Брентфорд, одигран зад затворени врати, кој премиерлигашот го доби со 2-1.

Искусниот 33-годишен играч од средниот ред се врати на тренинзите минатата недела, а од клубот посочија дека ќе му биде потребно време за повторно да влезе во форма по двегодишната суспензија поради допинг.

Откако се врати на фудбалот, Погба одигра три натпревари, влегувајќи од клупата за резерви, пред да заработи повреда на листот. На овој натпревар на теренот се врати и Ерик Дајер, кој исто така неодамна се опорави од повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×