Интер би можел да профитира од трансфер-домино ефектот што се подготвува на пазарот, а во центарот на вниманието се Мохамед Салах и Муса Диаби.
Според информациите од „Кориере дело спорт“, заминувањето на Салах од Ливерпул кон Ал Итихад би предизвикало сериозна промена во саудискиот клуб. Поради ограничувањата за странци, тоа би значело дека Муса Диаби ќе мора да си замине.
Токму тука Интер ја гледа својата шанса. Францускиот офанзивец веќе подолго време е на радарот на „нероаѕурите“, па ваквиот развој на ситуацијата оди во нивна корист. Диаби има богата кариера зад себе. Потекнува од школата на ПСЖ, играше и како позајмен во Кротоне, а вистинска афирмација доживеа во Баер Леверкузен. Потоа следуваше трансфер во Астон Вила вреден 55 милиони евра, за во 2024 година да се пресели во Ал Итихад за 60 милиони.
Во актуелната сезона има учинок од 4 гола и 13 асистенции на 35 натпревари, што го прави атрактивна опција за европските гиганти, меѓу кои Интер е најсериозен кандидат.