Главоболки за Флик, се повреди лидерот на нападот на Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона повторно се соочува со проблеми предизвикани од репрезентативната пауза, откако Рафиња заработи повреда на натпреварот меѓу Бразил и Франција.

Бразилецот беше дел од стартниот состав, но мораше предвреме да го напушти теренот, што веднаш предизвика загриженост кај каталонците. По мечот, Карло Анчелоти откри дека причината е болка во мускулот.

Тој се пожали на болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме. Не делуваше премногу сериозно, но деталните прегледи ќе покажат за што всушност станува збор“, истакна Карло Анчелоти.

Ситуацијата е далеку од идеална за Барселона, бидејќи веднаш по паузата следуваат три исклучително важни натпревари против Атлетико Мадрид, два во Лигата на шампионите и еден во домашното првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×