85
Фудбалерите на Хрватска славеа со 1-2 на пријателскиот натпревар против Колумбија одигран во Орландо.
Јужноамериканците поведоа со голот на Џонатан Ариас, додека израмнување за европската селекција донесе Лука Вушковиќ. Тогаш, при резултат 1-1 се случи неверојатно промашување. Иако Луис Диаз му креира чист гол, Луис Суарез го промаши невозможното. Тој не ја погоди топката и не реализира пред празна мрежа од пет метри.
На крајот казната стигна преку Игор Матановиќ кој ја донесе победата за Хрватска.