Ќе има чистка во Ливерпул, покрај Салах на излезна врата се уште 8 фудбалери

by bojan
1 минути читање

Мохамед Салах најави дека ќе го напушти Енфилд по крајот на сезоната, и ова ќе биде почеток на една реконструкција во која можат да си заминат уште осум фудбалери.

Мохамед Салах на големо изненадување оваа недела соопшти дека ги игра последните месеци во дресот на Ливерпул, можеби се очекуваше разделба, но никој не го очекуваше тајмингот на објавата на напаѓачот.

Но тој нема да биде единствениот кој ќе го напушти Енфилд по крајот на сезоната, медиумите од „островото“ пишуваат за реконструкција на „црвените“, на излезна врата се уште 8 фудбалери.

Први на списокот се Ибрахим Конате и Енди Робертсон, кои се под договор до 30. јуни.

Ќе се бара нов клуб и за Константино Цимикас и Харви Елиот, кои во моментов се на позајмица во Рома, односно Астон Вила.

На продажба ќе одат Ватару Ендо, Куртис Џонс и Алисон Бекер, како и Коди Гапко, Холанѓанецот повеќе не е недопирлив и може да донесе добра сума, која потоа ќе биде инвестирана за засилување на тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×