Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Атлетико Мадрид сака да го направи Хулијан Алварез најплатениот играч во тимот и на тој начин да спречи трансфер на напаѓачот во Барселона.
Се верува дека Хулијан Алварез е топ трансфер цел на Жоан Лапорта и Барселона за засилување на нападот, но Атлетико Мадрид нема лесно да се откаже од Аргентинецот.
Како што пренесува Марка, клубот од „Метрополитано“ не сака да го продаде напаѓачот, и ваквиот став ќе се промени само доколку играчот јасно каже дека сака да го напушти клубот.
За да не дојде до вакво сценарио, Атлетико Мадрид наскоро ќе му понуди на Хулијан Алварез нов договор.
Марка вели дека на маса ќе биде ставен богат предлог, односно плата од преку 10 милиони евра по сезона, со што Хулијан Алварез ќе стане најплатениот играч во тимот.
Останува да се види што ќе одлучи Аргентинецот, дали да остане верен, или да го облече дресот на „каталонците“, каде сигурно ќе има поголеми шанси за триумф во Ла Лига и Лигата на шампиони.