Италијанците од страв од своите навивачи не го играат баражот на „Сан Сиро“

by 24 фудбал
1 минути читање

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, бил човекот кој донесе неочекувана одлука пред полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство против Северна Ирска.

Наместо на легендарниот Сан Сиро, „аѕурите“ ќе играат во Бергамо, а причината е јасна. Гатузо не сака дополнителен притисок врз своите фудбалери од трибините во Милано.

Јас го избрав стадионот. Сакам да им се заблагодарам на сите што овозможија да играме во Бергамо. Верувам дека кога ќе одите на стадион како Сан Сиро, таму се навивачите на Интер и Милан и тие би можеле да почнат да свиркаат по неколку погрешни додавања. Играњето на помал стадион веројатно ќе ни донесе подобра атмосфера. Во Бергамо ме пречекаа со раширени раце на моето деби како селектор и очекувам одлична атмосфера“, изјави Гатузо.

Натпреварот се игра в четврток од 20:45 часот, а победникот од овој дуел ќе обезбеди место во финалето на баражот, каде ќе гостува кај подобриот од пресметката меѓу Велс и Босна и Херцеговина. Влогот е огромен, бидејќи победникот од баражот ќе се најде во група со Канада, Швајцарија и Катар на Светското првенство.

Италија која е четирикратен светски шампион, ќе се обиде да стави крај на црната серија и конечно да се врати на мундијалската сцена по пропуштените два последни турнири.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×