Нови детали: Реал не го сака синот на Роналдо!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид засега не планира да го вклучи синот на Кристијано Роналдо во својата младинска школа, иако неговото појавување во тренинг-кампот на клубот предизвика големо внимание во јавноста.

Петнаесетгодишниот Кристијано јуниор во изминатиот период тренираше со тимот до 16 години, што отвори шпекулации дека би можел да ја продолжи кариерата токму таму каде што неговиот татко испиша историја.

Сепак, според последните информации, станува збор само за привремено решение. Младиот фудбалер и понатаму е дел од академијата на Ал-Наср, а престојот во Мадрид го искористил за да ја одржува формата, добивајќи дозвола да тренира со врсниците од „кралскиот клуб“.

Неговиот татко, Кристијано Роналдо, го носеше дресот на Реал во периодот од 2009 до 2018 година и остави длабока трага со 438 одиграни натпревари, 450 постигнати голови и 131 асистенција во сите натпреварувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×