Интер сериозно загриза за фудбалер на Рома, ќе го прави најскапото засилување во последните 6 години

by bojan
1 минути читање

Газета дело Спорт објави дека Интер сериозно загризал за ангажман на Ману Коне од Рома, „нероаурите“ се подготвени да инвестираат преку 40 милиони евра за ангажман на Французинот.

Ману Коне и минатото лето беше трансфер желба на Интер, зделката тогаш не се реализираше, но клубот од „Меаца“ не се откажува од Французинот и летоска повторно ќе тропне на вратата на Рома.

Критијан Киву го идентификувал Ману Коне како прва цел за засилување на средниот ред, и Бепе Марота е подготвен да бркне длабоко во џебот за да му ја исполни желбата на тренерот.

Газета дело Спорт објави дека за ангажман на Ману Коне се подготвени преку 40 милиони евра, што во основа ќе значи најскапото засилување за „нероаѕурите“ во последните 6 години.

Последен пат, Интер плати 40+ милиони евра летото во 2020, кога за 43 милиони евра го ангажираше Ашраф Хакими од Реал Мадрид.

Рома нема лесно да се откаже од фудбалерот, а проблем на Интер може да му направи и добар настап на Ману Коне на мундијалот во САД, што значително ќе му ја зголеми цената, а ќе ја отвори и вратата за други клубови како ПСЖ, да достават понуди.

ФОТО: X/AS Roma English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×