Медиумите од Шпанија пишуваат дека Манчестер јунајтед сериозно загризал за ангажман на Фермин Лопез од Барселона, „ѓаволите“ се подготвени да платат дури 100 милиони евра.
Клубот од Олд Трафорд како приоритет ова лето има поставено засилување на средниот ред и на листата со желби има неколку имиња како Бруно Гимараеш и Сандро Тонали од Њукасл, Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вортон од Кристал Палас и Карлос Балеба од Брајтон.
Но последните информации од Шпанија велат дека Манчестер јунајтед го мерка и Фермин Лопез од Барселона.
„Ѓаволите“ се подготвени да платат дури 100 милиони евра, сметаат дека Шпанецот вреди за овие пари.
Но се чини дека ова нема да биде доволно, Барселона не сака да го продаде Фермин Лопез, а и самиот фудбалер не размислува за промена на средината.
ФОТО: X/FC Barcelona