Врската меѓу Реал Мадрид и семејството на Кристијано Роналдо ќе се обнови бидејќи неговиот син Кристијано Роналдо Јуниор тренираше со младинските категории на „кралевите“.
15-годишниот напаѓач работел со младиот тим на Реал и бил тестиран како крилен играч, а се очекува да продолжи со тренинзи во Валдебебас и во наредните денови. Ова се смета како најава за можен трансфер во блиска иднина.
Во моментов, Роналдо Јуниор е дел од академијата на Ал Наср, каде што пристигна откако неговиот татко потпиша за клубот во 2022 година. Доколку се реализира преселбата во Мадрид, тоа ќе значи продолжување по патот на неговиот татко, со оглед дека веќе настапуваше во младинските школи на Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Младиот фудбалер настапува за младинската репрезентација на Португалија, а со оглед дека наскоро ќе наполни 16 години, од следната сезона ќе има право да игра и за јуниорскиот тим.