36
Динамо се соочува со нов проблем откако Исмаел Бенасер повторно се повреди, само што се врати на терените.
Алжирскиот играч за врска се здобил со повреда на тренинг, а првичните информации говорат за проблем со колатералниот лигамент, што може да значи пауза од еден месец. Точната дијагноза ќе биде позната по деталните прегледи.
Ова е нов удар за Бенасер, кој оваа сезона веќе имаше проблеми со повреди и пропушти значителен број натпревари. Тој е во Динамо како позајмен фудбалер од Милан, но континуитетот повторно му е прекинат.