Македонија доби најмали шанси за да се пласира на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонија утре ја чека еден од најважните натпревари во квалификацискиот циклус, гостување кај Данска во Копенхаген во полуфиналето од баражот за СП 2026. Нашата селекција во овој дуел влегува без улога на фаворит, барем ако се суди според прогнозите.

Очекувањата не се на страната на избраниците на Гоце Седлоски ниту кај аналитичките модели. Проекциите покажуваат дека шансите за победа на гостувањето се релативно мали, а уште помали се изгледите Македонија да стигне до билет за Светското првенство, дури и ако го мине овој предизвик и се избори за финале.

Сепак, ваквата ситуација не е непозната за нашиот национален тим. Македонија и во минатото знаела да ги демантира прогнозите кога била отпишана, па токму улогата на аутсајдер може да се претвори во дополнителен мотив за уште едно изненадување на голема сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×