Утрово полицијата во Чешка започна една од најголемите акции за апсење поврзани со местење фудбалски натпревари, а според информациите истата и понатаму е во тек.
Според локалните медиуми, уапсени се десетици лица, меѓу кои има фудбалери, судии, како и луѓе поврзани со најголемите клубови во земјата. Операцијата се спроведува со поддршка на Европол, Интерпол и УЕФА.
Паралелно со акцијата, одржана е и вонредна седница на Фудбалски сојуз на Чешка, свикана веднаш по објавувањето на информациите во јавноста. Претседателот Давид Трунда потврди дека истрагата траела три години и претставува резултат на координирана работа меѓу сојузот, полицијата и обвинителството.
Од Националниот центар за борба против организиран криминал информираа дека станува збор за обемна операција, а во текот на денот се очекува и подетално официјално соопштение.
„Нашето одделение денес спроведува кривични постапки. Информациите ги добивме од Високото јавно обвинителство“, изјави портпаролот на центарот.