153
Барселона стана првиот тим што и математички обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
Каталонците минимално го совладаа Рајо Ваљекано со 1-0 на „Камп Ноу“, а неколку часа подоцна добија дополнителна потврда откако Бетис загуби од Атлетик Билбао со 2-1.
Со тој резултат стана јасно дека Барселона сигурно ќе заврши најмалку на четвртата позиција во Примера.
Девет кола пред крајот тимот е лидер со 73 бода, пред Реал Мадрид кој има 69, додека зад нив се Виљареал со 58 и Атлетико Мадрид со 57 бода.