Штипска Брегалница, која сезонава се натпреварува во Втората лига со амбиции за враќање во елитата, од денеска има нов претседател.
Клубот преку социјалните мрежи објави дека раководењето го презема Ангел Бојаџиев, кој, според информациите, веднаш почнал со конкретни активности за подобрување на состојбата во клубот.
Воедно, од Брегалница соопштија дека влезот за претстојниот натпревар против лидерот Охрид, кој ќе се игра во сабота под рефлектори, ќе биде бесплатен за сите навивачи.
„Г-дин Ангел Бојаџиев го превзема кормилото на клубот. Комплетно се мобилизираат сите чинители во клубот со цел уште подобро функционирање на колективот. Веднаш на стартот, се превземаат инфраструктурни активности за подобрување на теренот и стадионот комплетно. За натпреварот со Охрид, кој во сабота ќе се одигра под рефлектори, влезот за сите љубители ќе биде слободен!“