Манчестер сити ја доби првата битка со Арсенал за трофеј оваа сезона! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити со 2-0 го победи Арсенал во финалето од Лига купот и така ја доби првата битка за трофеј оваа сезона.

Иако ниту еден од тимовите не блескаше премногу во текот на мечот, избраниците на Пеп Гвардиола одиграа токму колку што им беше потребно за да извојуваат победа. Херој на натпреварот беше младиот дефанзивец О’Рајли, кој во само четири минути го реши мечот во корист на Сити.

Првото полувреме заврши без голови, но во вториот дел О’Рајли го отвори резултатот во 60. минута и само четири минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелци, поставувајќи ги конечните 2-0.

Со оваа победа Манчестер Сити си обезбеди првиот трофеј сезонава, а двете екипи сега ја продолжуваат борбата и во Премиер лигата, каде Арсенал моментално има девет бода предност, но со натпревар повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×