14
Големо Коњари конечно стави крај на долгата резултатска криза и по цели пет месеци повторно се израдува на победа во Втората лига, совладувајќи ја прилепска Победа со 2-0.
Тимот го дочека својот момент против ривал кој се соочува со сериозни проблеми надвор од теренот, па стружани знаеја како да ја искористат ситуацијата и да стигнат до значајни три бода. Да потсетиме, Победа веќе извесен период се бори со финансиски тешкотии, кои дури го доведоа во прашање и функционирањето на клубот.
Херој на натпреварот беше Беким Алимоски, кој со два погодоци ја обезбеди победата. Тој првпат погоди во 36. минута, а во второто полувреме уште еднаш ја затресе мрежата, поставувајќи ги конечните 2-0.
Standings provided by Sofascore