Пелистер по поразот од Струга остана без тренер!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Пелистер ќе мора да бара нов тренер бидејќи по денешниот пораз од Струга оставка си поднесе Милан Стојановски.

Стојановски по пет минути поминати во Битола одлучил да се повлече, па клубот ќе мора да бара нов стратег.

,,Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за  резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата ѝ посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок“, изјави поранешниот репрезентативец на Пелистер.

Пелистер за Стојановски беше прв ангажман во Македонија, а претходно кариерата како тренер ја градеше во Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×