Ливерпул загуби десетти пат, но Слот не е загрижен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул продолжува со разочарувачките резултати во Премиер лигата, откако денеска загуби со 2:1 на гостувањето кај Брајтон и го запиша десеттиот пораз сезонава.

Притисокот врз холандскиот стратег расте, особено поради фактот што Ливерпул се бори да обезбеди место кое води во Лигата на шампионите.

Секогаш има притисок во Ливерпул. На мене, на фудбалерите. Тоа е нормално. Се квалификувавме во четвртфиналињата од ФА Купот и Лигата на шампионите, но во лигата мора да завршиме на места кои водат во Лигата на шампионите. Можам да ви кажам зошто загубивме десетпати, примавме доцни голови, ситуацијата со повреди… Но, не е моја работа да барам оправдувања, моја работа е да наоѓам одговори и тоа е она што пробав да го правам денеска. Добри бевме во првите 45 минути. Јасно е дека губиме многу бодови по играње во Европа. Се обидов да објаснам многу пати веќе зошто е тоа така, но денеска заслугите одат и за Брајтон. Во вториот дел тие беа подобар тим на теренот“, изјави Слот.

Тимот на Арне Слот има сериозни проблеми со конзистентноста, бидејќи по 31 одигран натпревар во првенството веќе има и седум нерешени, што значи голем број загубени бодови за актуелниот шампион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×