Евертон го „тресна“ Челси и се врати во трката за Европа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Евертон одигра одличен натпревар и убедливо го совлада Челси со 3-0 во рамките на 31. коло во Премиер лигата.

Домаќинот беше подобар ривал од самиот почеток, а предноста ја најави Бето со гол во првото полувреме. Напаѓачот продолжи во ист ритам и по паузата, кога во 62. минута повторно ја затресе мрежата за сигурни 2-0.

Конечниот резултат го постави Илиман Ндиаје во 76. минута, ставајќи точка на одличното издание на тимот на Дејвид Мојс.

Со оваа победа Евертон се доближи на само два бода до Челзи на табелата, па сега лондонскиот тим е шести, а „карамелите“ веднаш зад нив на седмата позиција со само два бода помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×