Oмерагиќ до клубовите: Некогаш вината треба да ја барате и во сопствените редови!

by Стефан
1 минути читање

 Денеска беше одржано годишното Собрание на ФФМ на кое беа потврдени и донесени повеќе одлуки, а на него се обрати и претседателот Масар Омерагиќ.

Тема беше и ВАР системот на кој од федерацијата се посебно горди и тврдат дека значително го подобрил судењето во најсилната конкуренција, но исто така Омерагиќ испрати и порака до клубвите кои често знаат да се пожалат на одредени одлуки.

„Судиски грешки секогаш имало и ќе има, но кога ќе погледнам во многу поголеми лиги какви грешки и скандали има, можам да кажам дека сме некаде на врвот во тој дел. Секогаш оние што губат знаат да бидат незадоволни и да се жалат преку соопштенија, меѓутоа некогаш вината треба да ја барате и во своите редови“, им порача првиот човек на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×