Лео Меси го постигна 900-тиот погодок во кариерата, напаѓачот на Интер Мајами утрово ја затресе мрежата на Нешвил на реваншот во осминафиналето на Конкакаф Лигата на шампиони.
Во вечната дебата за тоа кој е најдобриот фудбалер во историјата, Лео Меси или Кристијано Роналдо, Аргентинецот утрово му се придружи на Португалецот како вториот фудбалер кој успеал да стигне до бројката од 900 погодоци.
На реванш натпреварот помеѓу Интер Мајами и Нешвил во осминафиналето на Конкакаф Лигата на шампиони, Лео Меси доби топка во шеснаесетникот и прецизно биеше по земја за 1-0 веќе во 7. минута од мечот.
ZURDAZO del 10 para abrir el marcador 💫⚽️
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) March 18, 2026
pic.twitter.com/BeIBPLEchG
За напаѓачот, ова беше 81-тиот погодок во дресот на Интер Мајами, има и 32 во ПСЖ, 672 во Барселона како и 115 во репрезентацијата на Аргентина.
Погодокот број 900 падна 21 година по неговиот прв гол (во победата на Барселона над Албасете од 2-0 во 2005), и до овој подвик стигна на 38 години и девет месеци, побрзо од вечниот ривал Кристијано Роналдо (39 години и седум месеци).
ФОТО: X/Inter Miami CF