Напаѓачот на Интер ѝ сврте грб на Франција и промени спортски пасош

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Интер, Анге-Жоан Бони, донесе важна одлука во својата кариера и во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Селекторот Емерс Фае на прес-конференција потврди дека 22-годишниот напаѓач го променил спортското државјанство и повеќе нема да биде дел од францускиот систем, иако претходно настапуваше за сите младински селекции на Франција. Бони е роден во Франција, но има потекло од Брегот на Слоновата Коска, па одлучи да ја искористи можноста да настапува за земјата на своето семејство.

Ова значи дека напаѓачот на Интер ќе биде во комбинација за настап на Светското првенство, каде што Брегот на Слоновата Коска ќе игра во групата Е заедно со Германија, Курасао и Еквадор.

Зад себе Бони има солидна сезона во дресот на „нероаѕурите“, откако одигра 37 натпревари на кои постигна седум голови и запиша уште седум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×